2 mins read

ПОМОШ, ПОДДРШКА И ЗАШТИТА НА ЖРТТВИ ОД СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО

Најава и промотивен текст

Годинава Скопје е град домаќин на Меѓународната трибината за заштита, помош и поддршка на жртвите од семејно и родово базирано насилство. Настанот ќе се одржи на 22ри Февруари во Сала за седници на град Скопје. 

Трибината е поддржана од град Скопје, а со својот говор и обраќање ќе ја отвори градоначалничката на Скопје Данела Арсовска.

Настанот се организира во соработка на Здружението „Диверзиум“ од Скопје и Здружението „Хајр“ од Белград со седиште во Сараево.

Гости на трибината се и официјални претставници од владата на Република Србија.

Во делот на говорителите на трибината, значаен дел од нив се стручни лица од областа на социјалната заштита, новинари и активисти за човекови права.

Идејата за реализирање на ваква меѓународна трибина доаѓа од потребата да се интензивира соработката помеѓу граѓанските здруженија, стручните лица и претставниците на надлежните институции во насока на размена на искуства, практики и знаења за помош и поддршка на жртвите на родово базирано и семејно насилство.

Според организаторката на настанот Магдалена Стојмановиќ:

Овој настан ќе даде увид во степенот на соработка кој постои помеѓу релевантните чинители по прашањето на заштита од семејно и родово базирано насилство. Овој општествен проблем не може да се третира изолирано, само од еден сегмен на општествени чинители, туку системски и со интензивна соработка. Затоа се собираме сите заеднички на едно место, отворени за споделување на идеи и со желба да им помогнеме на жртвите на семејно и родово базирано насилство бидејќи статистиките за тоа колку се реалните жртви на насилство (и мажи и жени) се загрижувачки.

Настанот е организиран на волонтерска база, благодарение на партнерите на проектот и главниот покровител – град Скопје. Сепак организаторите најавија дека Скопје ќе стане престолнина на вакви меѓународни настани и трибини секоја година на ист датум, така што оваа манифестација ќе се претвори во традиција.

Latest from Blog