1 min read

Унапредување на можностите за социјално претприемништво кај старите лица

Нов проект на „Диверзиум“ за унапредување на можности за социјално претприемништво помеѓу старата популација во општеството.

Здружението за унапредување на националната култура „Диверзиум“ организира нов проект за унапредување на можностите за социјално претприемништво кај старите лица.

Целта на проектот е директно вклучување на старите лица на пазарот, пласирајќи ги производите и ракотворбите кои ги произведуваат старите лица. Проектот се однесува на старите лица кои се сместени во Домовите за стари и изнемоштени лица, но и на пензионерите кои имаат слободно време и потреба да се вклучат во изработка на ракотворби и предмети кои имаат пазарна вредност.

Сите собрани средства од продажбата на ракотворбите – рачно плетени парчиња облека, сапуни и сл. ќе бидат искористени за купување на опрема за осветлување која работи на база на соларна енергија.

Секундарна цел на проектот е да ја поттикне употребата на опрема која работи на обновливи извори на енергија во рамките на објектите за колективно домување (како домовите за стари лица), но и да покаже дека старите лица не се исклучени од носење на промени во општеството, туку напротив тие може да бидат лидери од кои ќе научиме како рационално да управуваме со енергетските извори.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Latest from Blog