8 mins read

Психијатриски пациент, убиeц во обид, кривично гонет, кој се пишува книги за деца?

Направила обид за убиство, се лекувала на психијатрија, кривично се гони а издава книги за деца. Постои ли регулатива за тоа каква литература за деца се издава и кој се пишува?

Во последните неколку години на пазарот можете да најдете книги од голем број на автори, а бројот на луѓе кои објавиле некој труд во форма на книга, списание или сликовница се повеќе расте. И додека едни сметаат дека е легитимно и пожелно луѓето да пишуваат книги и слободно да ги изразуваат и пренесуваат своите идеи, во пракса постои случај на неконтролирано авторство и тренд на издавање секакви книги. Непостоењето на регулативи во издавачката дејност се одразува на тој начин што се дава целосна слобода да се издава скоро секаква содржина која задоволува минимални стандарди на издавање. Законот за издавачка дејност е креиран да ги обезбеди правата и слободите на изразување, а пишувањето книги се третира низ призмата на фундаменталното човеково право на говор.


Иако издавачките куќи воведуваат одредени стандарди преку уредувачката политика, самостојните автори на трудови не се подвргнати на ниту еден критериум за проверка, а постојат и книги кои се издаваат без никаква рецензија или сериозно уредување. На слободниот пазар се е оставено на судот на читателот и тој е слободен да го направи самостојно својот избор на книги. Но што доколку читатели се најмалата возрасна категорија која се уште нема изградено ниту естетски, ниту морален вкус. Децата се изложени на силни влијанија преку литературата што им се пласира и во образовниот процес, но и надвор од него кога книги се нудат како подароци или донации се со цел авторот да направи маркетинг за својата книга.


Според детскиот психолог Ѓорѓи Стаменков, регулативата за детската литература се само родителите и тие спорведуваат контрола над содржината која се пласира на децата доколку таа литература е најдена на пазарот, а не одобрена од некоја формална образовна институција. Тој посочува и дека дури и доколку не се проблематични содржините кои им се пласираат на децатаа, кога тие се читатели или восптиематели на содржини личноста на авторот е многу важна затоа што тој може да биде и фигура со која најмладите ќе се идентификуваат, а тоа е често средство на социјално учење баш за најмалата ворасна група.


Обиди за убиство, психијатриски пациенти и поранешни затвореници се претставуваат како автори на книги


Во последно време тренд е луѓе кои излегуваат од затвор да објавуваат книги и тие да стануваат популарни или бестселери. Пример за тоа е серијалот „Јас пинк пантер“ од Оливера Ќирковиќ која во својата книга детално ги опишува меѓудругото и кражбите и деновите поминати во затвор. Психолозите го охрабруваат процесот на пишување и авторирање бидејќи сметаат дека тоа е дел од процесот на рехабилитација наа поранешниот затвореник и можност за ресоцијализација. Според Стаменков, не треба да постои стигма за лица кои биле осудени или психијатриски пациенти и законот не забранува тие да се занимаваат со издавачка дејност и да се автори. Но доколку говориме за деца, тогаш ситуацијата е поосетлива и родителите треба сериозно да се позанимаваат и со биографијата на авторот на литературата на која се подвргнати децата.
И за разлика од Оливера Ќирковиќ која пишува за повозрасна група на читатели кои можат самостојно да одредат дали прифаќаат или не таква литература и имаат изградено вредности, светоглед и можат да разликуваат добро од лошо, сликовницата „Рисот Ристе“ наменета за деца е напишана од авторка која долго време била психијатриски пациент по извршен обид за убиство. Овој случај е заведен во полицискиот билтен од 15.08.2019 година на следниот начин:


На 14.08.2019 во 17,50 часот во СВР Скопје, на улица „Христо Татарчев“ била приведена В.К.(43) од Скопје поради тоа што при семејна расправија со нож му нанела убодна рана на нејзиниот сопруг М.К.(43) од Скопје.Од лекар на М.К. му биле констатирани телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Скопје. В.К. е обезбедена и пренесена во психијатриска болница. Се работи на расчистување на случајот.


Се обидовме да добиеме институционален одговор од министерството за образование и министерството за култура дали постојат какви било механизми да се регулира која литература доаѓа до децата и дали се води сметка за биографијата на лицата кои издаваат книги за деца. Од таму засега не добивме одговор.


Според Дивна Гроздановска, правник и активист за детски права, образовните институции немаат обврска да се занимаваат со ликот и делото на авторот на литература за деца, особено ако таа не е формално во обрзовниот процес. Но сепак, издавачките регулативи треба да се зајакнат и сознанието дека тој што ја напишал книгата што вашето дете ја држи во рака направил убиство во обид може да влијае на одлуката на родителот што неговото дете треба, а што не да чита.
„И покрај тоа што е фундаментално човеково право поединецот да се изразува и да пишува книги, а и е законски, сепак сметам дека родителите кога прават избор на литература треба да се информирани кој е тој што ја напишал книгата. Сепак сознанието дека авторот е убиец во обид може да значи пренесување погрешни вредности и погрешна личност е таа која креира содржини на кои се изложени децата, а доколку истиот автор бил психијатриски пациент тоа исто така може да значи влијание на кое не треба да ги изложуваме децата.“


Во конретниот случај личноста која издала сликовница не е значително влијателна, па поради тоа и досега многумина не биле запознаени со нејзината историја. Јас го подржувам поединечниот напредок и враќање во општествена функционалност, но сепак мора да го земам предвид и фактот дека од друга страна стојат деца и не е во ред да се манипулира на таков начин. Сепак сметам дека мотивите се личен имиџ многу повеќе отколку намера да се изврши некое сериозно влијание, па затоа и штетата не е толку голема, посочува Гроздановска.


Весна Константинова е еден од познатите случаи на луѓе кои сакаат да се афирмираат како автори на детска литература по таква историја, но доколку не се воведе механизам за регулација на тоа кој објавува покрај тоа што се објавува, децата ќе бидат изложени на различни непознати влијанија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Latest from Blog