Здружението „Диверзиум“ организира хумантирен проект во кој целна група се деца без родители од СОС детското село.
Овој хуманитарен проект има за цел да проследи донација на дечињата без родители, но и да овозможи инклузија на деца без родители со нивни врсници од основните училишта на општина Центар.
Идејата е, дечиња од основно училиште да напишат писменце до свое непознато другарче кое писменце ќе биде ставено во пакетче – донација за дете од СОС детското село.
На тој начин ќе се овозможи иницијален контакт помеѓу децата без родители кои често живеат во чувство на изолираност од своите врсници, а дечињата од основните училишта кои ќе напишат писменце ќе бидат сензибилизирани за постоење на категорија дечиња кои живеат без родителска грижа поради што ќе се работи на создавање на чувство на солидарност, емпатија и грижа.
Главни покровител на настанот се Данаи Фарм, Кожувчанка и Вивакс кои обезбеди донација на свои производи за дечиња во СОС детското село, како и општина Центар која дава придонес, помош и поддршка во организација и реализација на оваа проект идеја.
Општествено корисните компании кои донираа производи за дечињата од СОС детското село испратија јасна порака дека децата без родители не смеат да бидат оставени и без општествена грижа и дека секој од нас може да придонесе за надоместување на родителската грижа без која овие дечиња живеат.