Денеска во СОС детското село Здружението Диверзиум го реализираше хуманитарниот и социјалниот проект: Писмо до непознато другарче.
Придонес и поддршка на проектот дадоа општествено корисните компании: Кожувчанка, Данаи Фарм и Вивакс, како и СОС детското село, општина Центар и ОУ Песталоци.
Градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски денеска присуствуваше на доделувањето на подарочињата на децата од СОС детското село заедно со писма од непознати другарчиња напишани од нивните врсници од ОУ Песталоци во општина Центар.