Во периодот од 20.07 – 23.07 во Европскиот универзитет во Скопје се одржа меѓународна летна школа во организација на Здружение „Диверзиум“ на тема: Аспекти на родово базирано и семејно насилство и мобинг на работно место“.
Предавачи на летната школа беа: Наташа Доковска и Александра Радеска од „Новинари за човекови права“, проф. д-р Владимир Илиевски, професор по социјална работа и социјална политика, Васка Мустафа од канцеларијата на Народниот правобранител и Александар Мишевски од Форум за млади – Битола.
Учесници на летната школа беа студенти од универзитетот во Ниш, студенти од универзитетот во Косовска Митровица и студенти од УКИМ.
Организатори на настанот се: Магдалена Стојмановиќ, Миодраг Константинов, Атанаско Ѓорѓиев и Сотир Ристо.
Проектот се реализираше со финансиска поддршка на град Скопје.
Видео: