За Нас

Статут на ДИВЕРЗИУМ Скопје

Здружението на граѓани за унапредување на националната култура ДИВЕРЗИУМ Скопје е здружение на граѓани од областа на КУЛТУРАТА за подигнување на свеста и личниот потенцијал за развој на секоја личност од аспект на културата, со слободно здружување на граѓаните, а заради остварување и усогласување на своите интереси и заради вршење на дејности и активности и поттикнување на младинскиот активизам и локалниот развој.

Член во Здружението може да биде секој граѓанин – државјанин на Република Северна Македонија кој доброволно ке пристапи со писмена изјава. Зачленувањето се врши со пристапница, односно со издавање на членска книшка, која при исклучување или престанок на членството во Здружението задолжително се враќа. Здружението води регистер за членството кој се ажурира еднаш годишно. Членот има право да бира и да биде биран во органите и телата на здружението и да учествува во работата со што ке придонесува за развојот и унапредувањето на активностите во Здружението.

Здружението, своите цели и задачи ке ги остварува во согласност со односите уредени со уставот на Република Северна Македонија, овој статут и законите на РСМ, како и со други законски норми кои регулираат материја од оваа област. Здружението го застапува и преставува Претседателот на здружението.                  

ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО

Граѓаните се здружуваат во здружението заради остварување на поширок заеднички интерес, а како посебни цели и задачи се:

  1. Организирање и реализирање на проекти од областа на културниот живот
  2. Унапредување на културните навики на поединецот и општеството
  3. Проетки за заштита и зачувување на културното наследство
  4. Организирање и одржување акции, трибини и семинари од областа на културата
  5. Промоција на културниот диверзитет и различностите во општеството

Здружението ги прифаќа сите права и обврски што произлегуваат од Законот за здруженија на граѓани и фондации.