1 min read

Подготовка за издавање на книгата „Политички говори и јавни настапи“

Книгата „Политички говори и јавни настапи“ со поднаслов „Облици на комуникативно дејствување во јавните настапи на политичарите“ е популарно и стручно четиво кое ги имплементира социолошките теории во анализа на културата на јавна комуникација, со особен фокус на политичката култура и говори.

Книгата „Политички говори и јавни настапи“ со поднаслов „Облици на
комуникативно дејствување во јавните настапи на политичарите“ е популарно и стручно четиво кое ги имплементира социолошките теории во анализа на културата на јавна комуникација, со особен фокус на политичката култура и говори.

Покрај тоа што е социолошка анализа, книгата служи и да ги забави читателите, да им понуди поинаков увид во илустрираните замисли за тоа што се случува на јавната сцена, да им ја олесни потрагата по знаење и објаснувања за тоа што е нивно секојдневие, но и да им овозможи интеракција со авторот.

Книгата е илустриративна со што се дава визуелна интерпретација на настани, појави и концепти од
историјата, литературата и цивилизациското сведоштво. Илустрациите се авторско решение и тие ја
прикажуваат „имагинацијата“ на авторот на книгата во концептуализацијата и операционализацијата на темите од книгата.

Покрај тоа што е илустрирана, книгата има и интерактивен карактер и е богата со прашања, примери, понекогаш и шеговити коментари кои треба да и испратат порака на публиката дека постои можност за непосредна врска со авторот и читателот кој треба да стане критичар и коментатор, а потоа и коавтор.

На крајот од книгата од читателите се барааат нивните коментари, нивните импресии, критики, забелешки и осврти, да ги испратат на е-маил адресата на авторот, а нивното учество во постиздавачката фаза ќе им донесе можност, заедно да го напишеме продолжетокот на оваа книга која ќе биде објавена во дигитална верзија и достапна за сите.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Latest from Blog