1 min read

Здружение „Диверзиум“ со проекти за интеграција и социјализација на старите лица

Во Македонија постојат граѓански здруженија и организации кои се занимаваат со различна возрасна, родова, социјална група. Но забележително е дека во јавноста се помалку се зборува за потребите на старите лица и изолираноста во која тие живеат.

Старите лица обично се изнемоштени и се сметаат за некорисни бидејќи по нивното пензионирање и нарушено здравје не може да се вклучат во општествено корисни дејствија, поради што се зголемува нивното субјективно чувство на бескорисност и изолираност.

Не сите стари лица ја имаат среќата да бидат згрижувани и посетувани од членовите на своето потесно семејство. Напротив присутно е насилство врз старите лица, кое ретко се пријавува и за кое ретко се говори.

Старите лица со мали примања имаат лоши услови за живот, а поради ниските примања не можат да се сместуваат во домови за стари лица кои доколку се државни се во катастрофални услови, а приватните чинат многу.

Заради избегнување на дополнителни трошоци, но и страв од осуда од другите, децата не ги сместуваат своите родители во Дом за стари лица и тие често остануваат да домуваат со нив или во помошни простори во кои владеат лоши услови поради што нивното кревко здравје дополнително се нарушува.

Здружението „Диверзиум“ во наредниот период ќе организира проекти за социјализација на старите луѓе во општеството и ќе се бори за зголемување на видливоста за проблемите и потребите на старите луѓе во македонското општество.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Latest from Blog