2 mins read

Старите лица во фокус на новиот социјален и хуманитарен проект на „Диверзиум“

Нов социјален и хуманитарен проект во организација на Здужение Диверзиум

Здружението за унапредување на националната култура Диверзиум продолжува со организирање и реализација на проекти од социјален и хуманитарен карактер.

Фокус на следниот социјален и хуманитарен проект организиран од Диверзиум се старите лице.

Старите лица од домовите за стари лица, особено во периодот на пандемијата се соочуваат со зголемена изолација поради почитување на мерки на заштита. Голем дел од нив спаѓаат во критична група од населението кога е епидемиолошката слика во прашање.

Во суштина, старите лица често остануваат на маргините на општеството, невидливи за институциите и граѓанските здруженија, силно погодени од стереотипите и стигмите кои владеат во македонското општество особено во руралните и конзервативните средини.

Со цел да ја зголемиме видливоста на потребите и спецификите на старите лица, организираме проект: Вечер на друштвени игри со стари лица.

Проектот има за цел да ја зајакне кохезијата на групата во домовите за стари лица преку играње на друштвени игри (класични) кои се единствениот извор на забава и социјализација кај оваа категорија, бидејќи тие остануваат често исклучени од новите технички и технолошки подеми кои ја менуваат комуникацијата.

Проектот предвидува донирање на друштвени игри, освежување и средства за хигиена во дом за стари лица, како и посета на волонтери од Здружението Диверзиум кои ќе им покажат доза на внимание на старите лица со што ќе се намали нивното чувство на изолираност.

Партнери во проектот се општествено корисните компании Тримакс, Кожувчанка и Данаи Фарм. Тримакс донираше друштвени игри за старите лица, Кожувчанка донираше производи за освежување, а Данаи Фарм средства за хигиена.

Поддршка и придонес на проектот даде и општина Сопиште во која е стациониран домот за стари лица каде ќе се реализира проектот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Latest from Blog