2 mins read

Повик за учество на студенти на Меѓународна летна школа во Скопје

Здружение на граѓани за унапредување на културата Диверзиум организира Меѓународна летна школа на тема: Аспекти на родово базирано и семејно насилство: Препознавање и пријавување.

Летната школа ќе се реалзира во периодот од 20-23 Јули 2022 година.

Право на учество имаат:

  • Студенти на прва и втора студиска година на државните и приватните високообразовни установи во Македонија;
  • Студенти на студиските програми по социологија, социјална работа и политика, педагогија, психологија и други општествени и хуманистички науки.

Начин на аплицирање:

  • Заинтересираните студенти треба да испратат мотивационо писмо во кое ќе ги откријат мотивите за учество на меѓународната летна школа и нивното мислење за тоа што учеството на летната школа може да промени во нивниот понатамошен тек на студирање или работење.

Краен датум за пријавување: 01.05.2022 година

Е-маил адреса за апликација: diverzium@gmail.com или redakcija.mojzbor@gmail.com.

Објавување на листа на учесници:

Учесниците ќе добијат одговор на нивната апликација најдоцна до 15.05.2022 година по пат на е-маил.

Дополнителни информации:

  • Учесници во проектот покрај студенти од Македонија, ќе бидат и студенти од Србија и Косово.
  • Предавачи во рамки на летната школа се врвни и докажани социјални работници, социолози, психолози и претставници на граѓанските здруженија кои се занимаваат со семејно, родово-базирано насилство и мобинг.
  • По завршувањето на летната школа учесниците добиваат сертификат за учество на летна школа од меѓународен карактер.
  • Трошоците за храна ги покрива организацијата.
  • Студентите кои не се од Скопје ќе може да се пријават за онлајн учество на летната школа, додека студентите од Скопје ќе добијат дополнтелни средства за покривање на патни трошоци.

*Проектот се реализира со поддршка на град Скопје.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Latest from Blog